Свет

Израел и Азербејџан се приклучија на Одборот за мир на Трамп

Израел и Азербејџан потврдија дека го добиле и прифатиле повикот на американскиот претседател Доналд Трамп да се приклучат на Одборот за мир за Газа, соопштија денеска официјални претставници на овие земји.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху го прифати повикот на американскиот претседател Доналд Трамп да се приклучи на Одборот за мир за Газа, иницијатива која би можела да биде проширена на решавање конфликти на други места, соопшти канцеларијата на Нетанјаху на Х.

И азербејџанското Министерство за надворешни работи соопшти дека земјата го прифатила повикот на Трамп да се приклучи на неговиот Одбор за мир.

– Азербејџан, како и секогаш, е подготвен активно да придонесе за меѓународната соработка, мирот и стабилноста, се наведува во соопштението.

Азербејџан и Ерменија беа во војна речиси четири децении поради планинскиот регион Нагорно-Карабах и минатиот август постигнаа мировен договор со посредство на Соединетите Американски Држави, по состанокот со Трамп во Белата куќа.

Ерменскиот премиер Никол Пашињан вчера се приклучи на Одборот за мир на Трамп.

To top