Шведска ја оправда улогата на фаворит и славеше над Португалија со 40:33 на средбата што се одигра во Хамбург, а ја судеа нашите арбитри Ѓорѓи Начевски и Славе Николов.
На полувреме Швеѓаните имаа плус четири (19-15), па водени од таа енергија немаа проблеми во продолжението да ја сочуваат предноста, да ја контролираат играта и резултатот.
Најпрецизен во кај победникот беше Пелас со десет голови, додека Коста даде осум за поразената селекција.