На 18.01.2026 во 18:00 часот на Граничен премин Деве Баир, на влез во државата, полициски службеници го лишија од слобода Е.К.(46) од Турција затоа што при гранична проверка и контрола на увид приложил фалсификувани зелени крати за товарното возило „форд“ со полуприколка со турски национални ознаки, кое го управувал.
Тој е предаден на полициски службеници од ОВР Крива Паланка и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.