Големиот христијански празник Богојавление-Водици се одбележа во седумнаесет демирхисарски села, а централната манифестација се одржа во населбата Мургашево каде во водите на Стара Река беше положен светиот крст.
Годинава најсреќен и највешт учесник беше Давид Цветановски, кому градоначалникот на Демир Хисар, Никола Најдовски му врачи пригоден празничен подарок.
Во едно од седумнаесетте населени места, светиот крст го фати Лина Најдовска која учествуваше на богојавленската манифестација што се одржа во селото Стругово.
Од Општина Демир Хисар информираа дека во селото Сопотница светиот крст го пронајде Никола Димитријовски, во Жван Иван Андоновски, во Прибилци Стефан Видановски, во Журче Марко Босилковски, а во селото Единаковци од осветените води крстот го извади Христијан Велевски. Традиционалната манифестација се одржа и во селото Света каде најсреќен беше Христијан Николовски, во Доленци Драган Трајановски, во Железнец крстот го пронајде Марјан Стефановски -Чаки, во Слоештица Стефан Талевски, во Белче Никола Пејовски, потоа во Граиште Марко Радевски, во Вардино Андреј Лозановски, во Суводол-Кутретино Николај Најдовски, во Загориче Михаил Трајчевски, а во селото Смилево на Водици најсреќен учесник беше Стефан Граматкоски.