Триесет годишниот Бојан Џонов го фати светиот крст, кој утринава беше положен во водите на реката Брегалница во штипско Ново Село. Џонов вели дека по вторпат го фаќа светиот крст. Вработен е и веќе втора година живее во Германија, а по повод големиот христијански празник Богојавление е во својот роден град.
-Господ да дава здравје, среќа на сите. Вработен сум, работам во странство во Германија и не не сум оженет, вели Џонов.
Осветувањето на водите на реката Брегалници во штипско Ново село се случи во присуство на голем број на граѓани, верници од старата штипска населба Ново Село. Градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов и свештениците од Брегалничката епархија на Џонов му врачија пригодни подароци.
На главната централната церомонија во Штип кај мостот на река Брегалница во населбата Осми Ноември учествуваа стотина верници и најсреќен беше 29 годишниот Јован Јованов, вработен и татко на две малолетни дечиња. Посака здравје, бериќет.
Градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов на граѓаните им посака среќа, здравје, бериќет. Со свечената литургија чиноначалствуваше митрополитот на Брегалничката епархија господин Иларион. (МИА)