Големиот христијански празник Водици, во духот на верата и вековната традиција денес беше одбележан и во скопската општина Ѓорче Петров.
Во 11:00 часот се случи положување на светиот крст во реката Лепенец. Стефан Спировски го извади крстот од осветените води на реката Лепенец во Волково.

Централната манифестација започна на пладне, на железничкиот мост на Вардар во населба Хром.
Таму уште едно младо момче прво доплива до Чесниот крст, а потоа на другите верници им посака здравје.
