Во времето на СДС, институциите на државата не служеа на граѓаните, туку на задоволување на бизнис апетитите на Зоран Заев и Венко Филипче. Заев и Филипче, ја користеле целата политичка и институционална моќ, за да вршат директен притисок врз др. Митрев со цел неговата приватна клиника да биде преземена по багателна цена, обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
-Дека тандемот Заев- Филипче се обиделе да му ја превземат приватната болница на др. Жан Митрев посведочи самиот тој во интервју на телевизија. Во период кога против др. Митрев се водел судски процес, а биле блокирани неговите лични средства и сметките на болницата, во исто време му наметнале и забрана за располагање со удели. Но, по интересот за откуп на болницата од страна на Заев како тогашен премиер и Филипче како министер, Јавното обвинителство ја укинало забраната за продажба, се наведува во партиското соопштение.
Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека брзината и тајмингот јасно укажуваат на политичко влијание и директна злоупотреба на обвинителството од страна на тогашната власт на Заев и Филипче.
-Институциите наместо да постапуваат непристрасно, тие од страна на Заев и Филипче биле користени како средство за притисок и принуда. Најскандалозно од се е тврдењето дека на др. Митрев му била понудена спогодба, продажба на клиниката по цена под пазарната вредност, во замена за олеснување или ослободување од обвиненија. Ова е доказ за груба злоупотреба и тргување со правдата од страна на Заев и Филипче. Ова е вистинска слика за СДС и нивното владеење, за Заев и Филипче. Рекет, принуда, притисок, тендери во четири очи, проценти, тоа се начините на делување на кланот Заеви и нивниот спотер што ја чува фотелјата на Бихачка, Филипче, велат од партијата.
Од таму бараат ЈО да постапи и да ги испита сите наводи, без заштита и без калкулации.
-Доста е од неказнивост. Време е Заев и Филипче да одговараат за секоја злоупотреба, секој притисок и секој криминал што го направија додека ја држеа државата како личен имот. Македонија мора да расчисти во ваквите криминални практики. Законот мора да важи за сите особено за оние кои мислат дека се недопирливи, се наведува во соопштението на владејачката партија.