Свет

Лауреат не може да ја отстапи својата Нобелова награда за мир, потврди комитетот во Осло

Норвешкиот Нобелов комитет денеска потврди дека лауреат не може да ја отстапи својата Нобелова награда за мир, пренесе БТА.

Лауреат не може да ја отстапи својата Нобелова награда за мир, потврди комитетот во Осло

Норвешкиот Нобелов комитет денеска потврди дека лауреат не може да ја отстапи својата Нобелова награда за мир, пренесе БТА.

Коментарите доаѓаат еден ден откако лидерката на венецуелската опозиција, Марија Корина Мачадо, му ја подари наградата што ѝ беше доделена минатата година на американскиот претседател Доналд Трамп.

– Без оглед на тоа што може да се случи со медалот, дипломата или паричната награда (11 милиони шведски круни или 1,19 милиони евра што ја придружуваат наградата), оригиналниот лауреат е тој што е запишан во историјата како добитник на наградата, се вели во соопштението на комитетот со седиште во Осло што ја доделува наградата.

Лауреатот може да прави со наградата и парите што сака, се додава во соопштението.

Лидерката на венецуелската опозиција Марија Корина Мачадо на вчерашната средба во Белата куќа на американскиот претседател Доналд Трамп му го предаде својот медал за Нобелова награда за мир.

Претставник на Белата куќа изјави дека Трамп ќе го задржи одликувањето.

– Марија ми ја даде својата Нобелова награда за мир за работата што ја завршив. Прекрасен гест на меѓусебно почитување. Ти благодарам, Марија, напиша Трамп на социјалните мрежи.

Мачадо го опиша состанокот како одличен истакнувајќи оти подарокот е признание за посветеност на Трамп на слободата на венецуелскиот народ.

To top