Вести „ДВАЈЦА БЕЗ ТРОЈЦА“ ЌЕ ГО БРАНАТ ГРЕНЛАНД ОД РУСИЈА И КИНА?!

НЕ ПРАВАТ НИКАКВА РАЗЛИКА: Трамп не се исплаши од 37-те европски војници на Гренланд

Според достапните официјални информации, Финска испрати цели 2 воени офицери за врска, Норвешка дури 2 припадници, а Велика Британија цел еден офицер, како дел од заедничко извидничко и координациско присуство. Покрај нив, Германија распореди дури 13 припадници во извидничка мисија, Шведска испрати ни помалку ни повеќе туку 3 офицери, а Холандија дури 1 морнарички офицер.

Франција оди чекор „подалеку’, со распоредување на околу (неверојатни и најмногу по број) 15 специјализирани планински војници.
ВКУПНО 37 ВОЈНИЦИ, од 10-на земји.
37-те бранители на Гренланд не го исплашија ниту предомислија Трамп, Белата куќа соопшти и нагласи дека испраќањето европски трупи на Гренланд нема да влијае на ставот на претседателот на САД, Доналд Трамп, за таа територија.

НЕ ПРАВАТ НИКАКВА РАЗЛИКА: Трамп не се исплаши од 37-те европски војници на Гренланд

Во новиот акт на несериозност и тотален милитаристички дилетантизам, европските сојузници на Данска почнаа да испраќаат мали, но демек симболички „значајни“ воени засилувања на Гренланд, откако американскиот претседател Доналд Трамп повторно ја отвори темата за „преземање“ на островот и јавно не ја исклучи можноста за употреба на сила.

Според достапните официјални информации, Финска испрати 2 воени офицери за врска, Норвешка 2 припадници, а Велика Британија 1 офицер, како дел од заедничко извидничко и координациско присуство. Станува збор за мали тимови, чија задача е да ја подготват теренската рамка за евентуални идни активности, вежби и засилено НАТО-присуство во Арктикот.

Покрај нив, Германија распореди 13 припадници во извидничка мисија, Шведска испрати 3 офицери, а Холандија 1 морнарички офицер.

Франција оди чекор подалеку, со распоредување на околу 15 специјализирани планински војници, при што Париз најави дека присуството може дополнително да се зајакне со копнени, воздушни и поморски капацитети.

 

37-те бранители на Гренланд не го исплашија ниту предомислија Трамп, Белата куќа соопшти и нагласи дека испраќањето европски трупи на Гренланд нема да влијае на ставот на претседателот на САД, Доналд Трамп, за таа територија.

Портпаролката на Белата куќа, Каролин Ливит на прес-конференција изјави дека вчерашните разговори на министрите за надворешни работи на Данска и Гренланд, Ларс Локе Расмусен и Вивијан Моцфелд, со потпретседателот на САД, Џеј Ди Венс, и државниот секретар Марко Рубио биле „продуктивни“, пренесува „Скај Њуз“.

– Но, претседателот сосема јасно го стави до знаење својот приоритет – тој сака САД да го добијат Гренланд и смета дека тоа е најдобро за националната безбедност, наведе Ливит. Таа додаде дека испраќањето трупи од европските земји на Гренланд нема да влијае на одлуката на Трамп за преземање на таа територија.

Данските и гренландските власти ги предупредија САД да не го заземаат островот, напомнувајќи дека очекуваат почитување на нивниот територијален интегритет. Островот беше данска колонија до 1953 година и остана дел од кралството, но во 2009 година доби автономија, што му овозможи самостојно да управува и да ја одредува сопствената внатрешна политика.

 

 

Најнови вести од Вести

To top