Македонија контиунирана работа за подобри услови

МО: Секогаш ќе бидеме на страната на вработените, за првпат навреме се исплаќаат сите надоместоци по Колективниот договор

-Министерството за одбрана и Генералштабот секогаш се и ќе бидат на страната на своите вработени, затоа што само со мотивирани вработени можеме во континуитет да го одржуваме високото ниво на подготвеност за одговор на предизвиците, велат од Министерството. 

МО: Секогаш ќе бидеме на страната на вработените, за првпат навреме се исплаќаат сите надоместоци по Колективниот договор

Министерството за одбрана се огласи со став по денешната прес-конференција на Независниот синдикат на одбраната кои соопштија три барања, зголемување на бодот за пресметка на основната плата за 20 отсто, ревизија на бодовниот систем на квартално ниво и решавање на статусот на професионалните војници до остварување право на пензија.

Од МО се децидни, заедно со Генералштабот во континуитет работат на подобрување на стандардот како и условите за работа на сите припадници на македонската Армија и на вработените во Министерството за одбрана.

-Но, во овој случај сакаме да потенцираме дека за првпат навремено се исплаќаат сите надоместоци согласно Колективниот договор, а кои вклучуваат надоместоци за закупнина, храна, превоз во висина од над 23.000 денари, како и додатоци за прекувремени часови, ноќна работа, дневници за дежурство согласно ангажманот, што е дополнителен додаток покрај основната сума за секое работно место односно звање и чин. Уште еднаш да нагласиме дека ова редовно се исплаќа за првпат. Просечната основна плата без додатоци на професионален војник изнесува околу 35.700 денари, а на полковник изнесува околу 70.200 денари. Кога на ова ќе ги додадете сите останати додатоци кои се земаат согласно Колективниот договор ќе добиете поинаква бројка на висината на примањата од онаа што ја изнесе претседателот на НСО, полковникот Јуришиќ, се вели во соопштението на Министерството.

Оттаму нагласуваат дека поради одлуките кои се донесени од претходната Влада во изминативе неколку години е нанесена огромна штета кон самите припадници, а со тоа и по буџетите за одбрана за минатата и предминатата година, за што само во овие година и половина се исплатени огромни суми по основ на судски и извршни пресуди.

Од Министерството додаваат дека минатата 2025 година во два наврати во мај и во декември се исплатени 107.000.000 денари (речиси 1.800.000 евра) по основ на неисплатени финансиски средства за 2019, 2020 и 2021 година за прекувремени часови за припадниците на Армијата. Паралелно, покрај овие исплати, за првпат е започнато со редовна исплата на сите обврски на месечно ниво (плата, прекувремени, ноќна работа, стража, закупнина, превоз, храна).

-Во однос на прашањето на регулирање на статусот на професионалните војници, би сакале да нагласиме дека согласно Законот за служба во Армијата, во овој момент секој припадник кој ќе наполни 45 години има право на избор дали да земе отпремнина во висина од 2 просечни плати за секоја измината година во Армијата (сума помеѓу 30000-40000 евра) или да биде задржан на работа како цивилно лице во Армијата, Министерството за одбрана или во останатите државните или јавните институции се до исполнување на условите за пензионирање. Но, во заедничка координација на Министерството за одбрана и Генералштабот која беше споделена и со претставниците на НСО на последниот состанок, беше презентирано дека се разгледуваат можностите за измени токму во тој дел односно на задржување на дел од професионалните војници по 45 година како дел од структурите на Армијата во специфични служби, велат од Одбрана.

Напоменуваат дека Министерството и Генералштабот ваквата иницијатива ќе ја подготви во консултација со сите претставници на синдикати во насока заеднички да изнајдат најдобро можно решение за професионалните војници.

-Министерството за одбрана и Генералштабот секогаш се и ќе бидат на страната на своите вработени, затоа што само со мотивирани вработени можеме во континуитет да го одржуваме високото ниво на подготвеност за одговор на предизвиците, велат од Министерството.

Во однос на месечните примања, од Министерството за одбрана појаснуваат колку може да се движи платата на професионален војник и на полковник, со напомена дека основната плата и додатоците (закупнина, храна и превоз) му следува на секој припадник на Армијата и вработен во министерството, а останатите елементи е согласно ангажманот на припадниците.

Од Министерството остануваат на ставот, секое барање кое доаѓа од страна на синдикалните претставници треба да се разгледа низ дијалог и во целост се сложуваат од тој аспект со изјавата на претседателот на Независниот синдикат на одбраната, Маријо Јуришиќ.

Најнови вести од Македонија

To top