Свет

ВИДЕО: За малку меѓународен инцидент, мачорот Лари направи хаос при посетата на полскиот претседател на Даунинг стрит

ВИДЕО: За малку меѓународен инцидент, мачорот Лари направи хаос при посетата на полскиот претседател на Даунинг стрит

Мачорот Лари е „на функција“ во кабинетот на Даунинг стрит повеќе од десет години и „смени“ шест британски премиери.

При посетата на полскиот претседател Карол Навроцки и средбата со британскиот премиер Кир Стармер, Лари „доби“ своја задача.

Светските медиуми шеговито пишуваат дека мачорот Лари за малку ќе предизвикал меѓународен инцидент откако ќе го сопнел официјалниот фотограф на претседателот на Полска при неговото излегување од Даунинг стрит.

Ова се случило пред два дена, на 13-ти јануари.

Карол Навроцки го посети Даунинг стрит 10 за да му се заблагодари на премиерот за британските војници стационирани во неговата земја како дел од придонесот на Велика Британија кон напредните копнени сили на НАТО, додека Сер Кир му се заблагодари за домаќинството на ескадрилата.

По средбата, Навроцки даде изјава, а движејќи се кон микрофоните на медиумите беше придружуван токму од Лари кој како вистински домаќин го испрати гостинот. Симпатичен момент на кој коментар имаше и самиот полски претседател.

To top