Македонија Филипче по секоја цена се обидува да ја задржи позицијата во партијата

СДСМ работат со српски ПР агенции, барем соопштенијата да ги преведуваат соодветно на македонски јазик – вели вицепремиерот Николоски

СДСМ се наоѓа во очајна состојба и падна до толку ниско ниво што дури и соопштенија што ги добиваат од српски ментори не ги преведуваат како што треба. Однесувањето на СДСМ е гола борба на Венко Филипче да ја задржи лидерската фотелја , оцени потпретседателот на ВМРО ДПМНЕ, Александар Николоски во интервјуто на ТВ Сител.

-Мислам дека ова е дел од една изгубеност, Венко Филипче се обидува по секоја цена да ја задржи позицијата во партијата и наеднаш се проблематично. Да ги замолам подобро да ги преведуваат соопштенијата од српски јазик, македонскиот јазик е јазик без падежи, така што да ги замолам подобро да преведуваат кога добиваат готови соопштенија од Србија во партија, за подобро да можеме да ги разбереме, рече Николоски.

Најнови вести од Македонија

To top