Фудбал

Македонските фудбалери се на 66.место на ФИФА ранг листата

Македонските фудбалери се на 66.место на ФИФА ранг листата

Фудбалската репрезентација на Македонија нема да менува позиции на најновата ФИФА-листа која ќе биде објавена на 19 јануари.

Нашиот национален тим останува на 66 место на ранг-листата, прва за 2026 година. Промените главно ги донесе Африканскиот Куп на Нации.

Македонија можеше да падне за некое место подолу, но неуспесите на Габон на АКН и падот за осум места, како и елиминацијата на Уганда уште во групната фаза не дозволија такво нешто.

Меѓу најдобрите десет репрезентации во светот има еден новитет, тоа е Мароко. Тимот скокна за три позиции и сега е осмопласиран. За едно место паднаа Белгија и Германија кои ја затвораат најдобрата десетка, а Хрватска е единаесетта.

Лидер во светот е Шпанија, пред Аргентина и Франција. Четврта е Англија, петти е Бразил, шеста е Португалија, додека седмопласирана е Холандија.

To top