Хроника Полов однос во присуство на други лица

МВР со детали за ужасот кој ја згрози Македонија, силувано е дете

Во стан во Неготино тие имале полов однос во присуство на други лица, меѓу кои и 15-годишен малолетник, кој направил видео запис кој подоцна бил достапен на повеќе лица.

МВР со детали за ужасот кој ја згрози Македонија, силувано е дете

ОВР Неготино поднесе кривична пријава против 57-годишник од Неготино поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „задоволување на полови страсти пред друг“ и „силување на дете кое нема наполнето 15 години“  и  против 40-годишник од неготинско село поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „задоволување на полови страсти пред друг“.

Имено, во стан во Неготино тие имале полов однос во присуство на други лица, меѓу кои и 15-годишен малолетник, кој направил видео запис кој подоцна бил достапен на повеќе лица.

Исто така, постојат основи на сомнение дека 57-годишникот во октомври 2025 година вршел други полови дејствија со малолетникот, кој тогаш бил на возраст од 14 години, а за тоа му давал пари.

To top