Ракомет

РК Вардар формата ќе ја темпира на силен турнир во Хрватска

РК Вардар формата ќе ја темпира на силен турнир во Хрватска

Под водство на тренерот Иван Чупиќ, Вардар означи старт на зимските подготовки.

Првата фаза од подготовките вардарци ќе ги одработат во својот дом, а потоа ќе заминат за Хрватска, каде ќе ја темпираат формата за пролетните предизвици на домашна и меѓународна сцена.

Кон крајот на јануари Вардар ќе се упати за хрватскиот град Лабин, каде ќе учествува на силниот меѓународен турнир против екипите на Слован Љубљана, Сесвете и Загреб.
Во овој дел од подготовките, Вардар ќе биде без неколку кои се со своите репрезентации на меѓународни натпреварувања.

Десниот бек Урош Митровик настапува за Србија на Европското првенство, додека голманот Милош Валах, пивотот Виктор Јанковски и десниот бек Марек Марчињак се дел од полската селекција. Средниот бек Николас Боно настапува за Аргентина на првенството на Средна и Јужна Америка.

Првиот натпревар во продолжението од Супер лигата, Вардар ќе го одигра на 7 февруари против Куманово, додека на 17 февруари следи гостување кај Бенфика во првиот натпревар од осминафиналето во Лигата на Европа.

To top