Фудбал

Флик: Секоја победа против Реал Мадрид буди посебно и специјално чувство

Флик: Секоја победа против Реал Мадрид буди посебно и специјално чувство

По една ипол година од пристигнувањето, Германецот Ханси Флик е херој на Барселона и со неа во Супер Купот ја прослави четвртата титула како предводник на Каталонците.

Флик подели серија комплименти до своите фудбалери по завршување на мечот.

„Горд сум на момците. Игравме одлично и со нашиот препознатлив стил. Реал поседува квалитет и ни ја отежна работата, но нашиот прв дел беше фантастичен. Овој тим, кој се бори и трча деведесет минути, е грандиозен. Да се победи Реал Мадрид е посебно и специјално чувство.

Рафиња има неверојатен менталитет и го пренесува на целата екипа. Дава многу работи на теренот, го диктира и интензитетот, кој ни треба во играта.

Одличен беше и Ерик Гарсија, а драго ми и е за повратникот Араухо. Атмосферата тука во Џеда и во полуфиналето и во финалето беше неверојатна“, рече Германецот.

To top