Барселона го совлада Реал Мадрид во Супер Купот на Шпанија во Џеда.
И покрај поразот тренерот на Реал Мадрид Чаби Алонсо задоволен е од настапот на неговите фудбалери.
„Со измешани чувства зборувам по ова финале на Суперкупот на Шпанија, Разочаран од исходот, но горд на моите фудбалери. Мислам дека решаваа нијанси во овој изедначен дуел. Во финишот останавме без енергија поради повредите и недоволно залечените фудбалери. Но, задоволен сум што се боревме до последен момент.
Винициус беше одличен, сееше опасност по противникот во текот на целиот натпревар. Го заменив во 85. минута заради замор. Мбапе немаше енергија за да почне од првата минута. Секој пораз во „Ел Класико“ боли, посебно овој со гол во финишот и од одбиена топка“, рече Чаби Алонсо.