Хроника За настанот е известен јавен обвинител

Мајка и ќерка пренесени на клиника, вдишале чад во пожар

Поради вдушување на чад,  неговата мајка Д.А.(65) и неговата 39-годишна сестра С.Д., двете од Штип, биле спроведени во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје за укажување на лекарска помош.

Мајка и ќерка пренесени на клиника, вдишале чад во пожар

На 02.01.2026 во 15:01 часот во СВР Штип е пријавено дека околу 06:00 часот настанал пожар на оџак во стан на ул.„9 Мај“ во Штип, сопственост на С.А.(41) од Штип.

Поради вдушување на чад,  неговата мајка Д.А.(65) и неговата 39-годишна сестра С.Д., двете од Штип, биле спроведени во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје за укажување на лекарска помош.

Од пожарот е зафатен и друг стан, сопственост на Л.К.(61) од Штип.

Од екипа на Територијалната противпожарна единица Штип пожарот бил локализиран.

За настанот е известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Штип. Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Штип.

To top