Скопје општина Кисела Вода

Градоначалничката Стаменкоска Трајкоска подели хуманитарни пакети на социјално загрозени семејства

 Симболично, настанот се одвиваше на празникот Св. Игнат, празник за кој се верува дека каков ќе биде денот, таква ќе биде и целата година, па токму затоа овој ден беше посветен на хуманост и дарување.

Градоначалничката Стаменкоска Трајкоска подели хуманитарни пакети на социјално загрозени семејства

Градоначалничката на Општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска Трајкоска, денеска посети повеќе социјално загрозени семејства на територијата на општината и им подели пакети со прехранбени продукти и средства за лична хигиена. Во рамки на посетата, децата од овие семејства добија и новогодишни пакетчиња.

При посетите, таа истакна дека овие семејства секогаш можат да сметаат на поддршка од Општина Кисела Вода, како и од неа лично како градоначалник, нагласувајќи дека грижата за најранливите категории граѓани не е само институционална обврска, туку и искрена човечка заложба и вредност во работењето на локалната самоуправа. Во таа насока, посочи дека ваквите активности ќе продолжат и во текот на годината, со цел поддршката да стигне до секој граѓанин кому му е најпотребна. Симболично, настанот се одвиваше на празникот Св. Игнат, празник за кој се верува дека каков ќе биде денот, таква ќе биде и целата година, па токму затоа овој ден беше посветен на хуманост и дарување.

-Цела година да си помагаме! Нема поубав начин да се започне годината од тоа да се подаде рака на некој кому му е најпотребно. Денес е Св. Игнат, а старите велат: “Каков ќе ти биде денот денес, таква ќе ти биде и целата година”. Водени од таа мисла, денес со мојот тим одлучивме денот да го поминеме во дарување. Поделивме пакети на семејства каде што помошта е навистина добредојдена. Ако денот се познава по утрото, а годината по денешниот празник, тогаш нека оваа година ни биде исполнета со хуманост, солидарност и полни срца, изјави градоначалничката Бети Стаменкоска Трајкоска.

To top