Македонија Објект „Детелинки“

Премиерот Мицкоски ќе присуствува на отворање на нова градинка во Кочани

Во објектот ќе се згрижуваат 114 деца, од девет месеци до 6- годишна возраст, организирани во шест групи, согласно Законот за заштита на децата, информираа од владината прес-служба.

Премиерот Мицкоски ќе присуствува на отворање на нова градинка во Кочани

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски денеска ќе присуствува на отворањето на нова градинка во Кочани.

Во градинката ќе може да се згрижат 114 деца од девет месеци до шест години.

– Објектот „Детелинки“, во состав на јавната општинска установа за деца, детска градинка „Павлина Веліанова” во Кочани, е со нето корисна површина од 1.011,64 м2 и двор од 2.510 м2. Во објектот ќе се згрижуваат 114 деца, од девет месеци до 6- годишна возраст, организирани во шест групи, согласно Законот за заштита на децата, информираа од владината прес-служба.

Најнови вести од Македонија

To top