Македонија СВР Охрид

Нормализиран сообраќајот на патниот правец Струга-граничен премин „Ќафасан“

Според информацијата, сообраќајот се одвива во двете насоки, а беше затворен и во целосен прекин, од 30 декември поради превртена цистерна на патот. 

Нормализиран сообраќајот на патниот правец Струга-граничен премин „Ќафасан“

Воспоставен нормален сообраќај на патниот правец Струга – граничен премин „Ќафасан“, соопшти попладнево Секторот за внатрешни работи Охрид.

Според информацијата, сообраќајот се одвива во двете насоки, а беше затворен и во целосен прекин, од 30 декември поради превртена цистерна на патот.

-Сите надлежни служби излегоа на местото на настанот и активно отпочнаа со мерки за утврдување на причините за незгодата и дислокација на превртената цистерна од коловозот, изјави портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски. 

Најнови вести од Македонија

To top