Свет

Големиот снег во Полска предизвика колони од автомобили долги до 20 километри

„Тешката ситуација започна вчера по 16 часот, кога првите камиони на рутата S7… почнаа да имаат проблеми при приближувањето кон падините“, рече Томаш Марковски, портпарол на полицијата во северниот град Олстин.

Големиот снег во Полска предизвика колони од автомобили долги до 20 километри

Силните снежни врнежи во Полска во текот на ноќта предизвикаа колони од возила долги до 20 километри на автопатот помеѓу главниот град Варшава и балтичкиот пристанишен град Гдањск, соопшти полицијата.

Стотици луѓе беа заробени во своите автомобили во услови на мраз, но до денешните рани утрински часови сообраќајот беше обновен, додаде полицијата.

„Тешката ситуација започна вчера по 16 часот, кога првите камиони на рутата S7… почнаа да имаат проблеми при приближувањето кон падините“, рече Томаш Марковски, портпарол на полицијата во северниот град Олстин.

„Ова доведе до сообраќаен метеж долг приближно 20 километри во текот на ноќта“, додаде тој.

Заменик-министерот за инфраструктура Станислав Буковиец на прес-конференција изјави дека никој нема повредени во ваквите екстремни услови.

Ана Карчевска, портпаролка на полицијата во Острода, рече дека полицајците се обиделе да им помогнат на возачите кои биле заглавени. Острода се наоѓа на автопатот околу 40 километри западно од Олштин.

„Помогнавме колку што можевме, а на возачите им понудивме кафе и топол чај подготвени за нас од Градското собрание на Остроде“, рече таа.

Државната новинска агенција ПАП објави дека имало и прекини во железничкиот сообраќај и на аеродромите, но дека сообраќајните услуги се враќаат во нормала.

To top