Над 6.000 парчиња пиротехника била запленета во текот на вчерашниот ден на Бит Пазар.
Од Министерството за внатрешни работи денеска соопштија дека по преземени оперативно – тактички мерки од страна на Единицата за недозволена трговија при СВР – Скопје на улицата „192“ на подрачје на Бит Пазар, пронајдени и одземени се околу 6.000 различни парчиња на пиротехнички средства.
– Известен е јавен обвинител, пиротехниката е одземена за понатамошна постапка, а против лицата кои ја продавале пиротехниката ќе бидат поднесени соодветни пријави, потенцираа од МВР.