Македонија модернизација на возниот парк

Мицкоски: Инвестиција од 21 милион евра за набавка на 5 нови електрични локомотиви

На овој договор претходела темелна анализа за реалните потреби, функционалност и оперативноста на МЖ Транспорт истакна премиерот Христијан Мицкоски во своето обраќање.

Мицкоски: Инвестиција од 21 милион евра за набавка на 5 нови електрични локомотиви

Во Владата денеска е потпишан договор за заем со Европската банка за обнова и развој (ЕБРД) за обнова на возен парк за потребите на ЖРСМ Транспорт АД Скопје.

-Денес зборуваме за нешто што со децении беше занемарувано, а е од суштинско значење за економијата, извозот и европската иднина на нашата државата, а тоа е железницата, рече Мицковски на обраќањето во Владата.

Со особено задоволство објавуваме инвестиции во железничкиот транспорт во изност од 21 милион евра наменети за набавка на до 5 нови електрични локомотиви заедно со неопходни резервни делови. Оваа инвестиција ќе се реализира преку договор за заем помеѓу МЖ Транспорт и Европската банка за обнова и развој (ЕБРД).

На овој договор претходела темелна анализа за реалните потреби, функционалност и оперативноста на МЖ Транспорт истакна премиерот Христијан Мицкоски во своето обраќање.

-Без модерна и функционални локомотиви железницата не може да ја исполни својата економска улога. Мораме искрено да кажеме дека состојбата којашто ја наследивме беше во катастрофална состојба и до неодамна МЖ Транспорт немаше ниту една целосно функционална локомотива. Повеќе од 20 меѓународни товарни композиции беа стопирани во Гевгелија без можност товарот да се транспортира кон европските пазари, рече Мицкоски.

To top