Фудбал Серија а

Де Роси: Не ми се допадна настапот против Рома

Тренерот на Џенова, Даниеле Де Роси, го критикуваше својот тим за прикажаното на синоќешното гостување во Рим.

Де Роси: Не ми се допадна настапот против Рома

Тренерот на Џенова, Даниеле Де Роси, го критикуваше својот тим за прикажаното на синоќешното гостување во Рим.

Џенова загуби со 3:1 од Рома во 17. коло од шампионатот во Серија А.

– Лут сум и разочаран бидејќи не ми се допадна претставата што ја одигравме. Ова чувство останува и покрај поддршката од моите навивачи, моите поранешни навивачи, моите поранешни играчи. Тие ќе го стореа истото и со нерешено, победа или пораз, но ќе беше малку поубаво да се збогувам со нив по поинаков настап. Жал ми е што имав строг израз на лицето за време на ова збогување, но тие ме познаваат. Тие знаат дека не можам да го перцепирам фудбалот на друг начин, изјави за DAZN италијанскиот тренер.

Четириесет и двегодишниот Де Роси ја презеде Џенова во ноември 2025 година. Тој играше за Рома од 2001 до 2019 година.

Џенова го претрпе третиот последователен пораз. Тие се на 17. место на табелата во Серија А со 14 бода по 17 натпревари.

To top