На 28.12.2025 во ОВР Гостивар е пријавено дека околу 14:30 часот во с.Дебреште, гостиварско, на место викано Чука, С.И.(37) од с.Дебреште, управувајќи мотоцикл, изгубил контрола и паднал на патот.
Притоа, тој се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Медицински центар Гостивар.
Увид на местото извршила екипа од ОВР Гостивар.