Република средства од општинскиот буџет во 2026 година

Општина Демир Хисар ќе доделува паричен надоместок за секое новородено дете

Право на паричен надоместок ќе имаат само семејствата кои се жители на Општина Демир Хисар, потврдија од тамошната локална самоуправа.

Општина Демир Хисар ќе доделува паричен надоместок за секое новородено дете

Општина Демир Хисар во 2026 година ќе доделува паричен надоместок за секое новородено дете, како и еднократна парична помош на семејствата кои имаат запишано прваче во училиштата на подрачјето на таа општина.

Со средства од општинскиот буџет во 2026 година ќе биде доделуван паричен надомест во висина од 10 илјади денари за провородено дете во семејството, 12 илјади денари за второродено дете во семејството и 15 илјади денари за третородено и секое наредно родено дете во семејството. Право на паричен надоместок ќе имаат само семејствата кои се жители на Општина Демир Хисар, потврдија од тамошната локална самоуправа.

Членовите на општинскиот Совет донесоа и одлука за доделување на еднократна парична помош во висина од 7.000 денари на семејства кои ќе имаат запишано прваче во учебната 2026/2027 година во општинските основни училишта на подрачјето на Општина Демир Хисар.

To top