Свет

Во Киев е обновено снабдувањето со електрична енергија за 748.000 домаќинства

Во Киев обновено е снабдувањето со електричната енергија за 748.000 домаќинства по вчерашниот руски напад, објави Укринформ, повикувајќи се на соопштение на Телеграм каналот на украинската енергетска компанија ДТЕК.

-Успеавме да го обновиме снабдувањето со електрична енергија во критичната инфраструктура и во сите домови во главниот град по вчерашниот напад, се вели во соопштението.

Како што објави Укринформ, во Киев и регионот имаше проблеми со затоплувањето и снабдувањето со вода како резултат на вчерашниот напад.

Русија ги засилува нападите врз енергетскиот систем на Украина во последните недели и ја продолжува својата воена офанзива и покрај напорите предводени од САД за завршување на војната во Украина.

To top