Свет Сирија

Најмалку пет лица загинаа во експлозија во алавитска џамија во сирискиот град Хомс

Прес-службата на градот Хомс соопшти дека бомбата експлодирала во џамијата Имам Али бин Таиб. Безбедносните сили ја опколиле областа. Според Исам Наамех, локален владин претставник, експлозијата се случила за време на пладневната молитва во џамијата.

Најмалку пет лица загинаа во експлозија во алавитска џамија во сирискиот град Хомс

Најмалку пет лица загинаа, а 21 се ранети во експлозија во џамија што му припаѓа на алавитското малцинство во сирискиот град Хомс, јавија британските меидуми, цитирајќи го портпаролот на сириското министерство за здравство, Наџиб ал-Насан.

Бројките се прелиминарни, што значи дека бројот на жртви може да се зголеми, соопштика локалните медиуми.

Прес-службата на градот Хомс соопшти дека бомбата експлодирала во џамијата Имам Али бин Таиб. Безбедносните сили ја опколиле областа.

Според Исам Наамех, локален владин претставник, експлозијата се случила за време на пладневната молитва во џамијата.

Засега се уште никој не ја презел одговорноста за нападот.

Сирија е потресена од неколку епизоди на секташко насилство откако долгогодишниот лидер Башар ал-Асад, член на алавитското малцинство, беше соборен од власт во бунтовничка офанзива минатата година и заменет од влада предводена од членови на сунитското муслиманско мнозинство.

Претходно овој месец, двајца американски војници и еден цивилен преведувач беа убиени во централна Сирија од напаѓач за кој властите веруваат дека е член на сунитската група Исламска држава.

To top