Република

ФОТО: Акција за заловување на кучиња скитници во Кичево

Со ваквите активности продолжуваме да работиме на зголемување на безбедноста на граѓаните и подобрување на условите за благосостојба на животните, истакна градоначалникот.

ФОТО: Акција за заловување на кучиња скитници во Кичево

Рано утрово беше спроведена акција за заловување на кучиња скитници од централното градско подрачје на Кичево, информира градоначалникот Александар Јовановски.

-Заловените кучиња се згрижуваат во соодветен центар, каде што им се обезбедува ветеринарна нега, вакцинација, стерилизација и хуман третман, согласно важечките прописи. Со ваквите активности продолжуваме да работиме на зголемување на безбедноста на граѓаните и подобрување на условите за благосостојба на животните, истакна градоначалникот.

Тој порача дека акциите ќе продолжат и во наредниот период.

To top