Фудбал

Душан Влаховиќ пред трансфер во Ливерпул

Душан Влаховиќ пред трансфер во Ливерпул

Напаѓачот на Јувентус, Душан Влаховиќ, е пред трансфер во Ливерпул за намалена сума од 20 милиони евра.

Поради истекот на договорот и повредата на Александар Исак, „црвените“ го презедоа приматот од Милан во трката за српскиот репрезентативец, иако тој е повреден до март.

Од 1 јануари, тој законски добива право директно да преговара со заинтересирани страни, што ја става „старата дама“ во позиција на принудна продажба за да избегне губење на капиталот без обештетување на лето.

Односите се дополнително затегнати откако Влаховиќ не присуствуваше на клупската божиќна вечера во Торино, потег што италијанската јавност го толкува како дефинитивен крај на соработката.

Оваа внатрешна криза го принудува италијанскиот клуб да ја намали цената, правејќи го играчот достапен за сума која е далеку под неговата реална пазарна вредност.

To top