Македонија Посета на Факултетот за безбедност во Скопје

Тошковски: Најдобрите студенти од Факултетот за безбедност директно ќе се вклучуваат во МВР

Министерот за внатрешни работи учествуваше на академско кафе и на промоција на дипломирани и магистрирани студенти, нагласувајќи ја важноста на младите кадри за иднината на безбедносниот систем.

Тошковски: Најдобрите студенти од Факултетот за безбедност директно ќе се вклучуваат во МВР

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска го посети Факултетот за безбедност при Универзитетот „Св. Климент Охридски“, каде што присуствуваше на академско кафе со студентите и професорите, како и на свечената промоција на дипломираните и магистрираните студенти.

Како што информираше Тошковски, средбата со студентите била можност за отворена и искрена размена на идеи, размислувања и визии за иднината на државата и за изградба на силни и функционални институции. Во разговорите биле опфатени реформите што ги спроведува Министерството за внатрешни работи, ефектите од системот „Безбеден град“, враќањето на средното полициско училиште, дигитализацијата на услугите, како и инвестициите во човечки и технички капацитети.

Министерот истакна дека дипломираните и магистрираните студенти од Факултетот за безбедност претставуваат клучен потенцијал за иднината на безбедносниот систем во земјава, нагласувајќи дека тие не се само академски кадар, туку идни чувари на безбедноста, редот и правдата.

Тошковски најави и конкретен чекор напред од страна на МВР, со кој ќе се овозможи најдобрите студенти од Факултетот за безбедност во иднина директно да се вклучат во институцијата и своето знаење да го стават во служба на безбедноста на граѓаните.

„Македонија има потреба од нивното знаење, енергија и посветеност. Со одговорност, знаење и европски вредности, заедно можеме да ја градиме државата каква што ја заслужуваме“, порача министерот за внатрешни работи.

Денеска на Факултетот за безбедност при Универзитетот „Св. Климент Охридски“ присуствував на академско кафе и промоција…

Posted by Панче Тошковски on Wednesday 24 December 2025

Најнови вести од Македонија

To top