Свет

Трамп се закани со одземање на концесиите на телевизиите кои го критикуваат

Претседателот на САД, Доналд Трамп се закани дека ќе им ги одземе концесиите за емитување на големите телевизиски мрежи, кои го критикуваат него и неговите политички сојузници.

Трамп се закани со одземање на концесиите на телевизиите кои го критикуваат

Претседателот на САД, Доналд Трамп се закани дека ќе им ги одземе концесиите за емитување на големите телевизиски мрежи, кои го критикуваат него и неговите политички сојузници.

– Ако телевизиските ИНФОРМАТИВНИ ЕМИСИИ и нивните доцна вечерни емисии речиси сто отсто се негативни кон претседателот Доналд Ј. Трамп, МАГА и Републиканската партија, зарем не би требало да бидат одземени нивните вредни концесии за емитување? Јас велам: ДА!, објави Трамп на сопствената социјална мрежа „Трут соушл“ (Truth Social).

Трамп го нападна и водителот Стивен Колберт, нарекувајќи го „очајна урнатина без талент“ и ја повика Си-би-ес (CBS) да го отстрани од екранот дури и пред истекот на неговиот договор, кој истекува следната година. Тој ги критикуваше и водителите на Си-би-ес, Еј-би-си (ABC) и Ен-би-си и (NBC).

Трамп и претходно се судираше со водителите и новинарите на големи медиумски компании во минатото, обвинувајќи ги дека се против него.

Тој на почетокот на декември поднесе тужба против Би-би-си и бара отштета од 10 милијарди долари, тврдејќи дека во документарната емисија Панорама бил монтиран еден од неговите говори во 2021 година.

Во октомври, тој поднесе тужба за клевета од 15 милијарди долари против „Њујорк тајмс“ и тројца новинари.

Концесиите за телевизиските мрежи во САД ги издава и регулира Федералната комисија за комуникации (ФЦЦ).

To top