Свет

Црногорската влада ги укина визите за турските граѓани

Одлуката донесена без одржување седница, врз основа на согласноста на мнозинството членови, е дел од поширокиот пакет мерки за усогласување на визната политика со Европската Унија, што вклучува и прилагодување на визната политика во однос на трети земји, во овој случај Азербејџан, за чии граѓани политиката ќе биде усогласена до 15 јануари, се наведува во соопштението на Владата.

Црногорската влада ги укина визите за турските граѓани

Владата на Црна Гора денеска објави дека ги укина визите за граѓаните на Турција, со оглед на тоа што дозволениот престој е намален од 90 дена на 30 со цел да се спречи нелегалната миграција и во согласност со визната политика на Европската Унија.

Одлуката донесена без одржување седница, врз основа на согласноста на мнозинството членови, е дел од поширокиот пакет мерки за усогласување на визната политика со Европската Унија, што вклучува и прилагодување на визната политика во однос на трети земји, во овој случај Азербејџан, за чии граѓани политиката ќе биде усогласена до 15 јануари, се наведува во соопштението на Владата.

Црна Гора воведе визи за турските граѓани веднаш по инцидентот во Забјело, кај Подгорица, на 26 октомври, кога беше повреден едно лице од Подгорица. Полицијата приведе двајца турски државјани, по што мештаните демонстрираа против Турците. Истата вечер, полицијата приведе десетици турски и азербејџански државјани за проверки, а владата брзо воведе визи.

Еден ден подоцна, Високиот суд ги ослободи турските државјани бидејќи се покажа дека тие не учествувале во нападот, туку еден турски и еден азербејџански државјанин.

Сепак, имаше напади врз турски државјани низ цела Црна Гора, а на некои од нив им беа уништени угостителските објекти.

На нападот му претходеше кампања во медиумите и тврдење на еден од лидерите на владејачката коалиција (Демократска народна патрија), Милан Кнежевиќ, дека во Црна Гора живеат 100.000 турски државјани. Меѓутоа, црногорската полиција објави дека во земјата престојуваат помалку од 14.000.

Според најновите официјални податоци од Министерството за внатрешни работи, по инцидентот 9.000 турски државјани ја напуштиле Црна Гора, која со години наназад  имаше безвизен режим со Турција, што го поттикна доаѓањето на туристи, инвеститори и сопственици на мали бизниси.

Во меѓувреме, Владата достави до Парламентот измени на Законот за странци, со кои значително се заоструваат условите за добивање законски привремен и постојан престој во Црна Гора.

Теми на денот

To top