Скопје Општина Бутел

Прочистувачи за воздух за градинките во Општина Бутел

Чистиот воздух е наше заедничко право, а загадувањето предизвик кој бара обединет одговор од сите нас, порача Костовски.

Прочистувачи за воздух за градинките во Општина Бутел

Општина Бутел обезбеди прочистувачи на воздух за сите клонови на детската градинка „11 Октомври“. Целта на оваа активност е подобрување на квалитетот на амбиентниот воздух и намалување на последиците од аерозагадувањето кај најмладите, објави градоначалникот на општина Бутел Дарко Костовски на неговиот Фејсбук профил.

-Чистиот воздух е наше заедничко право, а загадувањето предизвик кој бара обединет одговор од сите нас, порача Костовски.

Прочистувачите се од реномирант германски производител и обезбедуваат воздух со највисоки медицински стандарди за децата во градинките.

ПРОЧИСТУВАЧИ ЗА ВОЗДУХ ЗА СИТЕ ГРАДИНКИ ВО ОПШТИНА БУТЕЛ !

За сите клонови на детската градинка “11 Октомври”…

Posted by Дарко Костовски on Вторник, 23 декември 2025

To top