Хроника забрането им е било какво работење поврзано со фудбалот

Поранешни функционери на ФФМ заработија кривични пријави

Високи членови на ОФС Охрид фалсификувале исправи и правеле малверзации со КОМЕТ системот.

Поранешни функционери на ФФМ заработија кривични пријави

СВР Охрид поднесе кривична пријава против две лица, Цане Милошески и Никола Цветкоски, за сторени две кривични дела.

Првото дело по член 378, Фалсификување исправа, и по член 247 од КЗ, на начин што како претседател и секретар на ОФС Охрид во текот на 2024 година во повеќе наврати внесувале  неточни и непотполни информации во КOMET системот на ФФМ за натпревари кои воопшто не се одиграни и за лица кои наводно учествувале на истите, а не биле регистрирани како играчи и судии, а со цел ОФС Охрид да добие свои претставници во органите на ФФМ.

Инаку во мај годинава Управниот одбор на ФФМ донесе одлука ОФС ОХРИД поради грубо кршење на одредбите од Статутот и актите на ФФМ да добие суспензија.

УО на ФФМ по темелна постапка и по претходни сознанија од Одделот за интегритет, а во врска со нарушување на интегритетот во целост од страна на овластени службени лица од ОФС Охрид, едногласно одлучи да го суспендира Општинскиот фудбалски сојуз Охрид (ОФС Охрид).

Новогодишен Giveaway – Зимзоленд

Главните причини за донесената одлука се:

– Изготвување и употреба на фиктивни записници од натпревари (фалсификување на записници за натпревари кои не се одиграни, а се заведени како одиграни со конкретни резултати);

– Увидот во КОМЕТ системот на ФФМ покажа дека дури и лице починато пред повеќе години е заведено како учесник во овие фиктивни записници од натпреварите;

– Судии имаат писмени изјави дека истите биле внесувани во записници без нивно знаење и согласност, односно воопшто не суделе на натпреварите, а некои од нив не се ниту судии, а се заведени на тие натпревари како да суделе;

– Комплетната „Б“ општинска лига во рамки на ОФС Охрид не постои, односно е измислена;

Со ваквите дејствија е нарушен интегритетот на натпреварувањето и довербата во работењето на сојузот. ФФМ ќе поднесе дисциплинска пријава против претседателот и секретарот на ОФС Охрид до соодветната дисциплинска комисија, со предлог за преземање дополнителни мерки, согласно Дисциплинскиот правилник и Статутот на ФФМ.

Цане Милошески, претседател на ОФС Охрид и Никола Цветкоски, секретар на ОФС Охрид, се исклучуваат од фудбалската организација и им се забранува вршење на каква било функција поврзана со фудбалот.

To top