Македонија ЈП „Македонија пат“

Намалена видливост поради магла на неколку патни правци низ државава

Намалена видливост поради појава на магла до 30 метри на патниот правец Жировница – Луково, намалена видливост 150 метри во околината на Тетово, Штип, Петровец и Демир Капија, стои во соопштението.

Намалена видливост поради магла на неколку патни правци низ државава

Поради магла има намалена видливост на неколку патни правци низ државава, соопшти ЈП „Македонија пат“ апелирајќи на внимателно возење.

-Намалена видливост поради појава на магла до 30 метри на патниот правец Жировница – Луково, намалена видливост 150 метри во околината на Тетово, Штип, Петровец и Демир Капија, стои во соопштението.

Оттаму додаваат дека сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози, додека на одредени патни правци кои поминуваат низ усеци и клисури можна е појава на поситни одрони.

Најнови вести од Македонија

To top