Свет Унгарија

Орбан: Воената помош за Украина ја ослабува ЕУ наместо да ја зајакнува

Не треба да ја финансираме украинската армија, не треба да ја зајакнуваме Украина, туку треба да ги зајакнуваме армиите на земјите што се наоѓаат западно од Украина. Треба да ги зајакнеме армиите на земјите од Европа за Европа, рече тој на состанокот со активисти на унгарската владејачка партија Фидес во Сегед. 

Орбан: Воената помош за Украина ја ослабува ЕУ наместо да ја зајакнува

Финансирањето на Украина и испраќањето воена помош во земјата за продолжување на конфликтот со Русија само ја ослабува Европската Унија, наместо да ја зајакнува, изјави унгарскиот премиер Виктор Орбан.

Лидерите на ЕУ не успеаја да ги премостат разликите околу замрзнатите руски средства на самитот на Европската Унија, но се согласија да ѝ обезбедат на Украина голем бескаматен заем за покривање на нејзините воени и економски потреби во следните две години.

-Проблемот денес е што со секоја нова одлука се ослабуваме себеси наместо да се зајакнуваме. Украина не додава сила на Европа, само ја одзема. Не треба да ја финансираме украинската армија, не треба да ја зајакнуваме Украина, туку треба да ги зајакнуваме армиите на земјите што се наоѓаат западно од Украина. Треба да ги зајакнеме армиите на земјите од Европа за Европа, рече тој на состанокот со активисти на унгарската владејачка партија Фидес во Сегед.  (МИА)

To top