-Дел од тетовското градско подрачје попладнево имаше прекин во снабдувањето со електрична енергија по итно барање на противпожарните служби со цел да се спречи поголема несреќа бидејќи во одредена локација настанал пожар. Екипите на Електродистрибуција веднаш интервенираа на лице место, информираше Вјоса Селими портпарол на Електродистрибуција.
По надминување на ситуацијата, според Електродистрибуција, снабдувањето со електрична енергија е повторно нормализирано.