Светската фудбалска куќа – ФИФА организира свечено доделување на наградите „The Best“ во Доха.
Пред гала-вечерта беа реализирани серија состаноци и разни настани, а кулминацијата беше самото доделување.
Во конкуренција за оваа голема награда со Усман Дембеле се бореа младата шпанска ѕвезда Ламин Јамал, како и фудбалерот на Реал Мадрид Килијан Мбапе.
Признанието за најдобра фудбалерка на светот втора година во низа ја доби Аитана Бонмати од Барселона.