Свет Венецуела

Лукашенко: Мадуро е добредојден во Белорусија ако ја напушти функцијата

Белорускиот претседател Александар Лукашенко изјави дека неговиот венецуелски колега, претседателот Николас Мадуро, е добредојден во Белорусија ако ја напушти функцијата, но дека за тоа не е разговарано со Мадуро.

Лукашенко: Мадуро е добредојден во Белорусија ако ја напушти функцијата

Белорускиот претседател Александар Лукашенко изјави дека неговиот венецуелски колега, претседателот Николас Мадуро, е добредојден во Белорусија ако ја напушти функцијата, но дека за тоа не е разговарано со Мадуро. Лукашенко ова го кажува во интервју за американскиот канал Њузмакс (Newsmax) што беше објавено синоќа на каналот Телеграм што е поврзан со администрацијата на Лукашенко.

Веќе неколку месеци има зголемени тензии меѓу САД и венецуелската Влада, откако претседателот Трамп нареди распоредување воена сила во јужниот дел на Карибите, напаѓајќи бродови за кои се тврди дека носат наркотици.

Американскиот претседател навести и дека наскоро би можел да започне копнени операции во Венецуела.

Венецуелската влада тврди дека САД бараат промена на режимот за да ги преземат огромните нафтени резерви во земјата.

Новогодишен Giveaway – Зимзоленд

Притисокот од САД од минатата недела речиси го парализираше извозот на венецуелска нафта, а само танкери изнајмени од „Шеврон“ што носат венецуелска сурова нафта во САД со претходно одобрение од Вашингтон заминуваат, покажуваат податоците.

Најнови вести од Свет

To top