Македонија По години сивило

СКОПЈЕ БЛЕСНА ВО НОВОГОДИШЕН СЈАЈ (ФОТО)

Градоначалникот порча дека оваа вечер ќе остане запишана во историјата и ќе прерасне во убава традиција.

СКОПЈЕ БЛЕСНА ВО НОВОГОДИШЕН СЈАЈ (ФОТО)

Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски со свечено осветлување на новогодишната елка и официјалното отворање на Божиќниот маркет вечерва го означи почетокот на празничната магија во Скопје.

По години сивило, Скопје повторно блесна, свечено ја осветливме новогодишната елка и официјално го отворивме Божиќниот маркет, со што симболично го означивме почетокот на празничната магија во нашиот главен град, информира градоначалникот Ѓорѓиевски.

-Со оваа церемонија, Скопје направи значаен чекор напред кон визијата да се развива рамо до рамо со современите европски градови, создавајќи настани што носат позитивна енергија, заедништво и радост за сите генерации, истакна тој.

Градоначалникот порча дека оваа вечер ќе остане запишана во историјата и ќе прерасне во убава традиција.

-Ви благодарам што со вашето присуство ја направивте оваа ноќ навистина посебна. Време е Скопје повторно да живее со светлина, насмевки и празнична топлина, рече Ѓорѓиевски.

Најнови вести од Македонија

To top