Премиерот на Република Македонија, Христијан Мицкоски утре ќе присуствува на поставување на камен темелник на нова училишна спортска сала во населено место Колешино, во општина Ново Село.
-Ве известуваме дека утре 12.12.2025 година во 13:00 часот претседателот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски ќе присуствува на поставување на камен темелник на нова училишна спортска сала во населено место Колешино, во општина Ново Село, информираат од прес службата на владата.
Предвидено е изјава за медиуми да даде премиерот Мицкоски.