Во рамки на активностите за изградба на нови улици и патишта, се отпочнаа градежните работи за изградба на улица „103“ во населба Јака, во вкупна должина од 512 метри, тротоари од двете страни на улицата од 1,5 метри и широчина на коловоз од 6 метри, како и систем за зафаќање на атмосферските води од коловозот.
Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски заедно со директорите на јавните претпријатија и стручните служби изврши увид на градежните работи на терен. Тој истакна дека активностите се одвиваат во полна динамика и се врши профилирање и трасирање на улицата, како и стабилизирање на тлото, а воедно додаде дека пред овие активности се реализираа повеќе приклучоци за фекална канализација и водоснабдување на локалните објекти кои се наоѓаат долж улицата.
Општина Илинден и во наредниот период останува посветена на реализација на проектите кои се во фаза на реализација но и отпочнување на нови проекти со цел квалитетни и современи услови за живот на сите граѓани.