Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте денеска престојува во еднодневна работна посета на Германија, соопшти Прес-службата на Алијансата.
Според најавите, предвидено е Руте во Берлин да се сретне со германскиот канцелар Фридрих Мерц, како и со министерот за надворешни работи на Германија, Јохан Вадефул.
Покрај ова, во попладневните часови, Руте ќе има воведно обраќање на настанот насловен „Минхенска безбедносна конференција во Берлин“.