Македонија инвестициски циклус

Мицкоски: Започна изградбата на мултифункционален центар во Општина Аеродром, целосно финансиран од Владата

Овој објект којшто денеска направивме увид, преставува навистина нешто коешто ќе е додадена вредност во културниот живот не само во Општина Аеродром туку и во Скопје и ние како влада ова го препознавме и заедно со општината ќе го реализираме и чувствувам дека кога ќе биде сето ова готово и целиот овој облик на ова маало ќе изгледа поинаку сигурен сум дека не само општината туку и скопјани ќе го користат овој мултифункционален центар на културата или културен центар како сакат, рече Мицкоски.

Мицкоски: Започна изградбата на мултифункционален центар во Општина Аеродром, целосно финансиран од Владата

Општина Аеродром генерално беше прилично амбициозна што се однесува до проектите коишто ги финансира Владата и во првиот и во вториот повик некаде околу 15 милиони евра вкупно е сумата на проектите коишто се финансираат од Владата, кога на тоа ќе се додадат и делот од кофинансирањето што го има самата општина доаѓаме до навистина еден силен би рекол инвестициски циклус, изјави премиерот Христијан Мицкоски при увидот на изградбата на мултифункционалниот центар во Општина Аеродром.

Тој додаде: „Овој објект којшто денеска направивме увид, преставува навистина нешто коешто ќе е додадена вредност во културниот живот не само во Општина Аеродром туку и во Скопје и ние како влада ова го препознавме и заедно со општината ќе го реализираме и чувствувам дека кога ќе биде сето ова готово и целиот овој облик на ова маало ќе изгледа поинаку сигурен сум дека не само општината туку и скопјани ќе го користат овој мултифункционален центар на културата или културен центар како сакат“.

Му честитам на градоначалникот, на советниците што ја подржуваат неговата работа, на пратениците коишто доаѓаат од Општина Аеродром, на администрацијата, на министерот што препознаваат вакви проекти коишто понатаму ќе бидат дел од проектот за Скопје, град на културата и дел од секојдневниот живот на аеродромци и скопјани, така што навистина претставува нешто со коешто ќе се гордееме“, потенцира во изјавата Мицкоски.

 

Posted by Kurir on Среда, 10 декември 2025

Најнови вести од Македонија

To top