Чекајќи го Годо стана „Чекајќи ги мигрантите“. Во најновата драма на апсурдот на Бихаќка, тие ќе дојдат денес, утре, а најверојатно вчера. Ако не верувате, прашајте го Венко Филипче.
Во меѓувреме, мега-пародијата со измислени мигранти на Бихаќка продолжува со несмален ек. И додека сите мислеа дека по вчерашниот излет во ќор-сокак политичката камиказа и прв човек на СДС во распаѓање се опамети и предомисли, очебијно е дека политикантското харакири продолжува со полна пара. „Едно те исто“, би рекол Рамбо Амадеус во опис на дејанијата на суверзивниот и индолентен претседател на партијата на заминување.
Ако се запрашавте како крајот на Венко Филипче како „лидер“ на СДС мириса, тој дефинитивно мириса на мигранти. Имагинарни, ги има само во главата на Венко и врхушката на СДС. Грешка, врхушката се самораспушти пред Филипчер да ги разреши. Значи, мигрантите ги има само во главата на Венко. Велат, ни Богданка не му верувала во патетичната и евтина прикаска.
Арно ама, тоа не го спречувало Филипче да, верувале или не, прави протест за имагинарни мигранти кои ги спомнал еден британски сензационалистички медиум. Којзнае како ќе реагира Венко ако истиот медиум лиферува лажна вест дека доаѓа крај на светот? Ќе прават ли бункери во СДС? Лажна вест од рангот на „СДС ќе победи на следните избори“? За куќен совет во Бихаќка, се разбира. Иако, и таму големи шанси имале ЗНАМ и Левица..
И така, разгоропадениот Венко во улога соодветна на Летечкиот циркус на Монти Пајтон, денеска промуќурно најави протести доколку во Собранието не помине резолуција против примање на мигранти која неговата партија планира да ја поднесе наскоро?! Мигранти кои никогаш нема да дојдат.
Опозицискиот лидер денеска на прес конференција рече дека по онлајн петицијата која ја објави неговата партија, следен чекор ќе биде Предлог-резолуција во Собранието со која пратениците ќе потврдат дека Македонија нема да прима мигранти. Зад себе натопори 6 невини и неискусни деца од младината на СДС, за да даде „тежина“ на новиот псевдо исказ. Играта со деца во првите борбени редови е познат феномен од крајот ан 2-та Светска Војна. Ја користеше Адолф Хитлер…
Доколку мнозинството не даде поддршка на ваквата резолуција, бестрашниот лидер најави дека ќе повика на масовни протести.
– Дали може да очекуваме дека на мигрантите ќе им бидат дадени мигрантски пасоши и ќе бидат гласачка машинерија на ВМРО ДПМНЕ. Се ближат избори. Мислам дека мора да кажеме одлучно не. Да се крене гласот на народот. Ги повикувам граѓаните да не поддржат и да ни помогнат да го спречиме ова антидржавно и антинационално однесување на патриотската влада на ВМРО-ДПМНЕ – рече влезениот во научно-фантастичен и орвеловски филм Филипче.
Филипче на денешната прес-конференција рече дека уште пред неколку месеци ја најавиле, како што рече, опасноста што нè очекува со мигрантите, а за која, додаде, сега дознаваме од британските медиуми. Во превод, Баба Ванѓа може само вода да им носи. Но не знаеја за криминалот на Онкологија, за пеколноста на стапицата со Модуларната болница, за манипулациите во Дурмо турс, за нелиценцираниот автобус на Беса транс, ниту за џипот од 130.000 евра подарок за Венко, не знаеја ниту за парите кои одеа на бугарска сметка на Вице, уште помалку за корона вакцините и викендичката на Нерези која, пустата, не ни постоела…
Од овие пишувања на медиумите од островот, додаде тој, дознаваме дека според разговорите што се воделе, мигрантите треба да бидат интегрирани во нашето општество и на пазарот на трудот, особено од градежништвото, и тука да имаат трајни живеалишта.
Ваква пародија од сценарио не би смислиле ни самите изругани од Венко Британци, авторите на легендарниот Монти Пајтон, Џон Клис и компанија.
Вчера доби и конкретен одговор од премиерот Христијан Мицкоски.
„Ги гледам овие салта и гимнастики кои ги прави опозицијата. Не само што не е вистина, туку за мене претставува чудно во отсуство на било каква идеја, која може да мобилизира или да придонесе во рамките на општестениов живот, вие за таа тема да вадите ваква кампања и тоа против партија од каде почива фундаменталната тема на политиките да се бориме против илегалната миграција“.
Ова го кажа премиерот Христијан Мицкоски, прашан за обвинувањата од страна на опозициската СДСМ за некакви мигранти кои треба да дојдат од Велика Британија. Лидерот на СДСМ Филипче, дури најави и онлајн петиција.
„Јас ги разбирам, немаат идеја, се обидуваат да се мобилизираат и да растураат пердуви. Ние дури најавуваме борба против илегалните мигранти по примерот на „Сејф сити“, ќе развиеме проект „Сејф кантри“, со тоа што нашите граници ќе бидат целосно под мониторинг за да не се случуваат вакви работи. Апсолутно ги отфрлам како неточни овие обвинувања. Во изјавите од Обединетото Кралство се вели дека неуспешни апликанти ќе праќаат, но за ваква тема воопшто не е разговарано, и да се разговара, ќе бидат одбиени. Додека сум јас премиер, ниту еден бегалски шатор нема да никне во Македонија“, рече Мицкоски.
Венко доби демант ид Британската амбасада во Скопје, која директно ги демантира лажните вести на СДСМ темелени на крајно шпекулативен текст, полн со конструкции и непроверени податоци на честопати сензационалистичкиот “Times”, текст базиран на неолиберални ставови и наводи изместени од контекст подобни за злоупотреба од македонската индолентна опозиција.
Во објава на Британската амбасада се потсетува на хронологијата на потпишувањето на Договорот за стратешко партнерство со Македонија и јасно се нагласува во заклучокот дека заложбите се за заедничка борба со нелегалната миграција преку Joint Migration Task Force за битка со имиграцискиот организиран криминал, засилување на безбедноста и справување со криминалната мрежа.
Не за мигрантски кампови, како што тврди опозицијата, базирајќи се на псевдо-текстови на сензационалистички медиуми…
Дел од овие медиуми во Велика Британија деновиве лиферуваа вест дека планетата Земја е рамна плоча, а не округла (елипсовидна). Верува ли имателот на Златна виза за Дубаи и во ова? Ќе поднесе ли резолуција до собранието да се сменат учебниците по географија? Којзнае како Филипче реагирал кога во бугарските медиуми прочитал дека Исус е Бугарин, исто како Колумбо, Тесла, Њутн и Ајнштајн…

