Актерката Ана Де Армас неодамна раскина со Том Круз, но се чини дека повеќе не е тажна поради тоа.
Убавата Ана сега се појави на трката во Формула 1 и покажа дека изгледа подобро од кога било.
Црни фармерки со висок струк и едноставна бела маица во комбинација со бомбер јакна беа вистинскиот избор за Формула 1, но и за Ана да ги покаже своите стомачни мускули.
Актерката не ја тргна насмевката од лицето, па многумина коментираа дека веќе заборавила дека до неодамна беше во врска.
Таа на трката имаше и средба со Луис Хамилтон, а лојалните обожаватели тврдат дека познатиот возач на Формула 1 флертувал со Ана. Ана доби специјална тура низ гаражата на Ферари, а нејзин водич беше Хамилтон.
Оние кои го следеле Хамилтон од претходно тврдат дека тој никогаш не бил толку фокусиран, и дека биле постојано насмеани еден крај друг, а Хамилтон дури и ја прегрнал во еден момент.
Welcome to the garage, Ana! pic.twitter.com/3OrUe1fXdk
— Scuderia Ferrari HP (@ScuderiaFerrari) December 7, 2025