1. ИСЦРПЕНОСТ И ДЕПРЕСИЈА
Дури и најбаналната исцрпеност може да биде причина за намален либидо. Добро познат факт е дека мажите, по правило, полошо се справуваат со стресот од жените, а за тоа постојат повеќе причини.
Прво, некои особено амбициозни мажи не прифаќаат неуспеси и порази, и во таа луда трка по сопствените цели, едноставно не сфаќаат кога треба да застанат, да здивнат и да се опуштат. А второ, за мнозинството од посилниот пол, воопшто не постои разбирање за феноменот на прегоревање, па дури не се ниту свесни дека патолошкиот замор, неврозите и депресијата можат негативно да влијаат на здравјето. Едноставно речено, човекот не знае како да си помогне.
Затоа, во вакви случаи, мажите често бараат интуитивно решение – да гледаат натпревари, да се опуштат со пиво, едноставно – да заборават. А тука, искрено, никакви еротски игри или други традиционални совети за „враќање“ на машкиот интерес, не помагаат.
2. ЉУБОВЕН ТРИАГОЛНИК
„Не очекувам ништо од тебе“, „Сто пати се каев што се омажив за тебе“, „Да не ти беше синот мал…“
Стигнува човекот дома, па се кае што ја отворил вратата. И не е важно кој прв почнал и кој е „повеќе виновен“, важно е дека атмосферата во домот наликува на постојана воена зона со кратки паузи за измачување. Жената често се однесува како бомба со задоцнето дејство – никогаш задоволна, бидејќи со години трупала чувства на огорченост кои сега веќе не можат да се расчистат.
Ваквите ситуации често завршуваат само на два начини – со развод или, како што велат, со љубовница.
Во таков случај, се случува вистинско делегирање на семејните обврски. Со сопругата станува невозможно да се спие – гневот и раздразнетоста го уништуваат секој нагон, а нејзината постојана незадоволност буквално ја гази машкоста. Љубовницата овде станува некаков „амортизер“, вентил кој го подига егото и му овозможува на мажот барем како-такво преживување во неподносливата атмосфера дома.
3. МЕЛАНХОЛИЧЕН ТИП И НАЧИН НА ЖИВОТ
Можеби еден од поретко споменуваните, но не и толку редок причинител за намален машки либидо, се индивидуалните потреби на мажот – кои можеби се ирелевантни во однос на општествено прифатените норми.
Имено, постојат мажи на кои интимноста им е потребна само еднаш или двапати месечно, а можеби и поретко. Проблемот не лежи ниту во надворешни фактори, ниту во недостаток на привлечност на партнерката – туку едноставно се работи за нивната биолошка норма, која може дијаметрално да се разликува од „стандардната“.
Во вакви случаи може да дојде до судир на интереси. Жената живее според претставата дека секој маж секогаш сака секс, а мажот, пак, не чувствува слична потреба. И едноставно не може да се создаде интерес на вештачки начин – бидејќи станува збор за сексуален темперамент.
Со таков партнер најдобро ќе се сложи жена која има слична потреба по односот. И покрај сè, не е потребно преголемо загрижување – бидејќи шансата да се сретне маж со навистина низок либидо е мошне мала.