На титовиот плоштад во Велење, Словенија, непознат сторител синоќа сериозно го вандализирал споменикот на Јосип Броз-Тито и ја остранил главата од него. Полицијата брзо го пронашла 49-годишниот осомничен, а главата од скулптурата висока повеќе од шест метри, ја откриле во багажникот на неговиот автомобил. Локалните власти остро го осудија нападот.
Според словенечките медиуми, граѓанин на Велење синоќа се јавил во Полициската станица во Велење и пријавил дека видел човек како товари голем метален предмет во темен автомобил „Шкода Кодијак“ во близина на локалното музичко училиште.
Полициска патрола што го следела сообраќајот во градот подоцна запрела 49-годишен возач што одговарал на описот.
Возилото имало две различни хрватски регистарски таблички.